Што е Бидете Светлина На Светот?

„Така нека свети вашата светлина пред луѓето, за да ги видат вашите добри дела и да го слават вашиот Татко, кој е на небесата. “ —Матеј 5:16

Што е Бидете Светлина На Светот?

#БидетеСветлинаНаСветот е повик да го претвориме Божик во сезона на служба. Тоа е светско движење да се допре до срцата и да се променат животите правејќи ги наштата што Исус ги правел: хранејќи ги гладните, утешувајќи ги осамените, посетувајќи ги болните и настраданите и покажувајќи љубезност кон секого. Исус кажа, “Вие сте светлината на светот“ (Матеј 5:14). #БидетеСветлинаНаСветот е совршен начин да дозвлите свелтината —и Неговата светлина—да сјае јасно.

Предлози за дневна служба

Иницијативата #БидетеСветлинаНаСветот не охрабрува да покажуваме љубов кон другите на ист начин како што Исус ја покажувал за време на Неговата смртна служба. За месец декември, специфични поттикнувања за служба се обезбедени за да ни помогнат да ги фокусираме нашите животи кон помагање на другите во текот на сезоната на празници. За да учествувате, може да го превземете календарот кој ги прикажува идеите.

Специјални неделни служби

Во недела пред Божик, одржуваме специјална Сабатсредба која се фокусира на раѓањето и животот на Исус Христос. Пријатели и познаници кои не се од нашата вера се добредојдени секоја недела но оваа се специјално поканети да дојдат и да му се поклонат со нас на тој ден.

#БидетеСветлинаНаСветот секој ден

Секој Божик, Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни прави величествен напор да ја рашири пораката и мисијата за да #БидетеСветлинаНаСветот. Сепак, можете да го правите тоа во текот на целата година размислувајќи на кого може да му служите секој ден.

Други Начини да Бидете Светлина На Светот