Пронајдете Црква блиску до вас.
Лоцирај

Прославете го Божик Заедно

Славате ја радоста на Христос преку специјалната служба во Недела овој Декември. Тоа е одлична можност да го почувствувате мирот во сезоната на празници, а и одлична можност да повикате пријатели, соседи и семејството да ви се придружат на еден час инспирација.

5 совети за да имате одлично црковно искуство

1. Претставете се

Членовите на Црквата ќе ви посакаат добредојде пред конгрегацијата и ќе ви помогнат да се чувствувате како дома. Слободно претставете се на другите и побарајте помош од луѓето доколку имате прашања. На сите ќе им биде драго што сте тука!

2. Знајте што да очекувате

Божикната служба вообичаено трае еден час. Таа често се состои од песни, молитви и беседи (наречени „говори“) дадени од членовите на конгрегацијата. За време на службата, црковните членови ќе имаат можност да се сетат на Исус земајќи го сакраментот(причест).

3. Облечете се најдобро

Добредојдени сте да дојдете во која било вкусно одбрана облека. Најчесто мажите облекуваат одела или кошули и вратоврски со копчиња а жените вообичаено облекуваат фустани или здолништа. Децата вообичаено се дотеруваат, исто така. Убавото облекување може да ви помогне да развиете попочитуван начин на размислување и да ве подготви да учите за Исус Христос и неговите учења.

4. Научете за сакраментот (слично на причест)

Секоја недела, леб и вода се благословуваат и се нудат на конгрегацијата како симболичен потсетник за жртвата направена од Исус Христос. Сепак, учеството не е услов. Доколку не сакате да земете сакрамент, може да го предадете послужавникот на следната особа.

5. Слободно контактирајте не

Никогаш не треба да се најавувате за црковна служба. Но ако сте нервозни поради присуството, може да ја контактирате конгрегацијата пред време. Тие може да ви најдат пријател за да седите со него и да се чувствувате добредојдено кога сте во посета. Кликнете тука за да најдете контакт за вашата локална црква.

Повеќе начини да Бидете Светлина На Светот