Идеи за Дневна Служба Бидете Светлина на Светот
Можеме да ја направиме оваа сезона на празници посреќна покажувајќи љубов на ист начин како што Исус ја покажувал за време на Неговата смртна служба. Ако не сте сигурни како, овие предлози се одлично место за почеток.
За да започнете со важбање на љубезност, - широко отворете ги очите за некој на кому му е потребна помош.
Една мала акција може да направи голема разлика. Погледнете на колку луѓе може да им се насмевнете денес.
Одете на прошетка за да ја видите малата дневна светлина-и поканете пријател да ве придружува..
Исус е најдобар пример за светлина и љубов. Погледнете ја приказната за Неговото раѓање овде: БидетеСветлинаНаСветот.орг
Музиката го разубавува расположението. Донесете повеќе светлина во светот, споделувајќи песна со некого.
Одвојте момент да размислите за времето кога некој ви бил светлина. Споделете го со нас на социјалните мрежи со #БидетеСветлинаНаСветот!
Комплиментите прават да се чувствуваме добро - и кога даваме и кога примаме. Покажете ја вашата благодарност со споделување искрени комплименти.
Љубезноста е заразна! Истражувањата покажуваат дека оние кои гледаат добри дела имаат поголема веројатност да прават добро. Наведете 5 добри работи што можете да ги видите во овој момент!
Пред да изустите некој збор денес, размислете како да употребите поубави зборови..
Секој сака да биде слушнат. Покажете интерес со повеќе дополнителни прашања.
Споделете го денешниот интернет Божиќен концерт со вашите пријатели, соседи и семејството. Пристапете до него овде: БидетеСветлинаНаСветот.орг
На кого помисливте денес? Најдете начин да го разубавите животот на таа личност.
Што прави вашата светлина да свети посилно во вас? Напишете листа од 10 работи и изберете една на која можете да се фокусирате денес.
„Секогаш кога ќе забележите некој што има потреба и... посегнете со, [Божјата] светлина се шири и отекува“. — Старешина Дитер Ф. Ухдорф
Добротворните организации се особено зафатени во овој период од годината. Што можете да направите за да поддржите локална добротворна организација со време или други ресурси?
Како можеш да ја разлееш својата светлина овој Божиќ? Одвојте 30 секунди за размислување, а потоа одете и направете!
‘’Господ е мојата светлина и моето спасение; од кого да се плашам?’’ (Псалми 27:1). Извлечете повеќе светлина читајќи ја Псалми 27.
Оваа недела, придружете ни се на Божиќната служба насочена кон Христос. Сите се добредојдени да се поклонат со нас. Можете дури и да поканите пријател да дојде со вас!
Бог ни дал прекрасен свет - дури и среде зима. Споделете на социјалните мрежи како ја гледате убавината насекаде околу вас во овој момент.
Кога сте љубезни, центарот за наградување на вашиот мозок светнува како да сте вие примачот, а не давателот. Дајте му поттик на вашиот мозок денес!
Кое е вашето омилено Божикно задоволство? Со кого би можеле да го споделите за да им го разубавите денот?
Размислете за оние кои ви го прават осветлуваат патот: како можете да им ја изразите својата благодарност денес?
Дали имате Божиќна традиција? Поканете некого да се придружи или можете да создадете нова традиција.
Додека го славите раѓањето на Исус, запомнете ги Неговите зборови: „Јас сум светлината на светот: кој ме следи . . . ќе ја има светлината на животот“ (Јован 8:12).